Бисер е мигот Панде Манојлов Да останеме во времето, мила моја, во спомените на овој град, да пешачиме среќни со своите мили, со пријателите, со добра мисла да се љуби ближниот свој и да го благословиме изобилието на животот подарен од Бога! Секој миг е бисер, секој ден – вечност, секоја година – светлина, а ние, мила моја, запомни: само ѕвезди сме меѓу ѕвездите, еден ден што ќе згаснат! 02.09.2019
„Денешната етичка состојба ја нарекувам етичка бездна, како израз на неизвесностите пред коишто стоиме, а нѐ опкружуваат грди состојби и лоши односи меѓу луѓето, кои ја потресуваат егзистенцијата на светот. Во опасност се климата и основните услови за живеење на човекот, воздухот, водата и почвата, има многу закани за растителниот свет и за животинските видови, кои секој ден сѐ повеќе се губат од лицето на Земјата, а меѓу најзагрозените суштества се самите луѓе, коишто самите се најодговорни за еколошките катастрофи и за опасните конфликти помеѓу себе.“
Градот и етиката, Кирил Темков, ФЕНИКС 2020
Книгата „Градот и етиката“ е дело на искусен и вешт автор, мајстор на литературниот збор, првокласен научник, кој своите знаења и умеења ги користи во оваа творба за да ја доближи реалноста на базичната човечка вредносна сфера до читателите. Во книгата се објаснети изворите на етиката во градот како основна човечка агломерација и етичка средина денес, споредено со настанувањето на етиката кај примитивните луѓе и во селските средини, потем е изложен системот на етиката во современото живеење, историјата и географијата на етиката, промените во етиката и вредносните пресвртувања во денешницата, значењето на етиката за животот на луѓето, шансите за надминување на етичките дискрепанции во современото живеење.
Книгата го следи новиот популарен метод на директни научни согледби, на компарации и на белетристика како форми за градење на сознанијата и свеста за новите предизвици на човекот, кои во книгата се објаснети комуникативно, со множество примери и со објаснувања блиски до секој современ човек. Ова е единствена книга според тематиката и литературниот пристап во нашите библиотеки за ширење на општите познанија и морални вредности.
проф. д-р Христо Петрески
За авторот
Професорот Темков бил четири децении наставник по Етика и Естетика на Филозофскиот факултет во Скопје. Според неговите учебници се изведува наставата по етика во основните и во средните училишта кај нас. Автор е на многу книги за етичката проблематика во современието, а особено во нашето општество.
„Свиналангорна“ е роман првенец на Сузана Алакоски. Високо оценет од критичарите, набрзо станува шведски бестселер со повеќе од 400.000 продадени копии.
Лена има двајца најдобри пријатели. Осе е единствената што Лена ја познава, а која нема татко кој пие, но затоа пак нејзината мајка пие. Таткото на Риита се опијанува речиси секој ден. Настаните се случуваат во текот на шеесеттите години во новоизградениот комплекс за домување во Истад, кој е исполнет со фамилии на имигранти и семејства со ниски приходи. За Лена и нејзините родители со финско потекло, новиот стан е луксуз: три соби, балкон, подови обложени со паркет… Но, мештаните брзо почнуваат да го нарекуваат соседството „Свиналангорна“ (Редови со свињи).
Црвеникаво-жолтеникавите трикатни куќи стануваат колективно место за дејствието во романот за Лена од Сузана Алакоски. Со проникливост и динамичност, таа ја раскажува својата приказна, за нејзините родители, нивните соседи и сите смешни и драстични настани што се случуваат околу неа. Но, смеата ви застанува во грлото кога ќе се открие вистинската природа на ова детско портретирање.
Лена, нејзините браќа и сестри и нејзините пријатели осцилираат помеѓу периоди на очигледна уредност и целосен хаос. Ова е нивната потресна приказна за социјалната класа, ранливоста на децата и нивниот капацитет да преживеат…
За авторот
Сузана Алакоски е шведско-фински автор, романсиер и предавач. Родена е во 1962 година во Васа, Финска. Помеѓу 1995 и 2003 година работи како портпарол на шведската политичарка Гудрун Шиман. Своето деби како новелист на фикција го има со „Свиналангорна“ за која во 2006 година ја добива наградата „Augustpriset“. Книгата е високо оценета од критичарите и набрзо станува шведски бестселер. Во 2010 година според книгата е снимен филмот „Beyond“. Алакоски и понатаму продолжува да создава, а во 2010 година го објавува својот втор роман, па неколку детски книги и дневник. Таа е уредник и на повеќе антологии.
Две ќебиња, три чаршафи, еден пешкир, една перница и една навлака за перницата.
Аеродромот во Амстердам, 1998 година. Самир Карим се симнува од летот од Виетнам, го кине авионскиот билет заедно со својот пасош на најситни можни парчиња и ги фрла во тоалетот, а потоа бара азил. Го напушта Ирак за да го избегне регрутирањето во армијата на Садам Хусеин; поминува седум години талкајќи анонимно низ Азија. Сега, сигурен во срцето на Европа, тој е испратен во азилантски центар и му е доделен кревет во заеднички дом – каде ќе ги помине следните девет години. Соочувајќи се со апсурдностите на бирократијата, Самир се труди најдобро што може да живее сложно со неговите 500 нови цимери. Раскажана со сочувство и уникатна смисла за хумор, ова е инспиративна приказна за преживувањето, поглед одблизу на скриениот свет на бегалците и шверцерите на луѓе, отрезнувачка рефлексија на нашето време.
За авторот
Родан ал Галиди е поет и писател. Роден е во Ирак, а живее во Холандија од 1998 година. Неговиот роман „Аутистот и гулабот писмоносец“ во 2011 година ја добива Наградата на Европската унија за литература. „Како го добив талентот за живеење“ е неговиот најуспешен роман – бестселер, преведен на повеќе јазици. На подкастот Portals од International Literature Festival Dublin, преслушајте го прекрасниот разговор со авторот Родан ал Галиди.