Categories
Литература Поезија

ЗАМИНУВАЊЕ НА ПРИЈАТЕЛОТ


На Петко Шипинкаровски

Така како што живееше кротко си замина
го напушти овој свет апансас без поздрав и збогување
отиде в туѓина со раце полни од нови ракописи
со недоброј пропуштени пораки и несвртени броеви
од мобилниот телефон како надоречени мисли и вистини
збор не рече за предупреда, а тоа не му беше во нарав
или едноставно така сакало да биде знаеше да каже
и да се премолчат и пребродат многу болки и вистини.

Замина без враќање добриот струшки дух отиде
ах, отпатува ластовицата однесувајќи ја пролетта
а просторот се стори амбар преполн со молк и трепет
сабја дипленица и повеќе нѐ нема на неговите роднокрајни
поетски средби, кај вевчанските извори, на седенка во
црквата Свети Илија или на митинг со убав збор во дворот
и под ладовина во гласовитиот струшки храм,
го нема веќе нашиот Петко постојано заитан и замислен
и нас нема кој да не собере, та и нас тука не нема
останала само по некоја безгласна воздишка, жалба
и предвреме пожолтени спомени од некои златни времиња.

Единствена е вистината оти и човекот сам по себе
е судбина и приказна што не сме ги разбрале докрај
зашто сега нема покајување оти не сме имале вера и мера
за достојна почит и признателност кон пријателството.

Categories
Литература Поезија

(Сонце) РОБОТИТЕ СО СРЦА СЕ ОД НАШИОТ ГРАД

Роботите со срца се од нашиот град
дојденци со програмата Облак
налик на ајмани со белило на лицата,
но длабоко хуманоидни суштества
со светли зрачки во нанобатериите
и со автограф на челата што ѕангари ноќе
Не се многу зборлии и погледот им е тап
ама нахранети се со интуитивен дизајн
со раце полни штембили од чувства
и со по еден микрочип – ѕвездочатец
кој умее да се движи и на безветрие
низ калдрместата тастатура преку улиците
од нашиот земски град што испушта небесни звуци,
вибрирајќи со љубовта од овие ендемски Роботи
создадени за евангелие по човекот
со лабава апликација на личната мисија
на која што забот на времето ништо не ѝ може

Анета Велкоска ОДА
КОГА ЕНДЕМСКИТЕ РОБОТИ ДОАЃААТ
Феникс, 2023

Илустрации: Марко Јачев

Categories
Литература Проза

Соочување

Кога бев средношколка, си мислев, сите сме ние парче љубов во вселената. Само треба да се споиме.
Какво е моето согледување за Рајот и за Пеколот? Првин за страшниот Суд. Страшниот Суд си замислувам дека ќе биде едно Соочување. Големо Соочување. Со Бога. Со Вистината. Со себе. И со сите останати. Тогаш, нема да бидеме во можност да лажеме. Ниту да го лажеме Бога (него и онака никогаш не можеме да го излажеме), ниту себеси (тука многу се лажеме), ниту другите.
Ќе се соочиме со она што го имаме во срцето и тоа или ќе нѐ оправда пред Бога (кој е Вистина и Љубов), или ќе нѐ осуди. Или ќе влеземе во Љубовта или ќе останеме надвор од Неа. А останувањето надвор од Неа е смрт.

Виолета Николовска
СТОРИИ
Феникс, 2023

Categories
Живот

Раната превенција спасува живот! 

Што е карцином на дојка?

Ракот на дојка е малигна промена што настанува кога нормалните клетки почнуваат неконтролирано да се делат и множат и да го уништуваат околното здраво ткиво на дојката, а подоцна и другите органи.

Како се препознава?

  • Нова грутка во дојката;
  • Рани на брадавицата на дојката што не се поврзани со доење;
  • Промени на бојата, големината или обликот на дојката, црвенило, оток и задебелена кожа;
  • Вовлекување на брадавицата или кожата на дојката;
  • Исцедок од брадавицата што не е мајчино млеко.

Скрининг за рана детекција на карцином на дојка

Скринингот претставува преглед на жени без присутни симптоми на болеста, со цел да се открие ракот на дојката во неговиот претклинички стадиум. Со раното откривање на ракот на дојка се продолжува животот на жената и се намалуваат трошоците за лекување.

Categories
Музика

Ој, Прилепе граде

Ој, Прилепе граде, гордост македонска,
за тебе ќе пејам, има и што да пејам.
Во тебе се раѓаат храбри Македонци,
храбри Македонци, сите патриоти.

Тебе ми те красат Маркови Кули,
во тебе се роди славни Крали Марко,
легендарни Марко, во песни опеан,
во песни опеан, во целиот Балкан.

Во тебе се раѓа македонско злато,
македонско злато, што во свет го нема.
Затоа се, Прилеп, со тебе гордеам,
за тебе ќе пеам, по свет ќе те славам.

Ој, Прилепе граде, гордост македонска,
и во тебе пукна прва пушка, граде,
прва пушка пукна против душмани,
за Македонија, за име македонско.

Текст: https://pesna.org/song/991

Categories
Литература Поезија

јас и кучињата

Христо Петрески

Categories
Литература Поезија

Ако носиш нешто неизречено…

Categories
Литература Поезија

овде никогаш не сум сигурен дали одам или се враќам

Categories
Литература Поезија

На Ванчо Николески

Categories
Литература Поезија

Х А О С