Categories
број 5 ин мемориам Музика

Распеани Валандовчани

  • Идеја и иницијатор: Мирко Попов – визионер, музичар, продуцент и издавач, кој ја препозна исклучителната вредност на „Распеани Валандовчани“. Со својата страст и љубов кон македонската традиција, ја покрена иницијативата за ова винил издание, верувајќи дека народната песна мора да живее и во сегашноста, во современ формат што ќе допре до нови генерации.
  • Ансамбл: „Распеани Валандовчани“ – хор и инструменталисти, околу 40 ентузијасти кои со љубов ја пеат изворната македонска музика.
  • Содржина: 8 композиции – 7 традиционални песни од различни краишта (меѓу нив „Мори чупи костурчанки“) + 1 оригинална („Химна на Валандово“).
  • Второ винил издание на ансамблот, по цели 50 години од првото (1974, со ПГП РТБ).

Учесници во проектот

  • Владан Дробицки – снимање, микс, мастеринг
  • Павел Дробицки – снимање
  • Петар Ризов – музички раководител
  • Зоран Стојчев – претседател на ансамблот
  • Костадин Танчев-Динка – дизајн на омот
  • Хари Дудевски – графички дизајн
  • Виолета Качакова – проектен менаџер
  • Издавач: Здружение за развој на музика и култура „Крај Вардарот“ / PMGJazz
  • Поддршка: Општина Валандово
Categories
број 5 Времеплов Уметност

Наградна (до) цртанка

Наградна (до) цртанка

„Наградна (до) цртанка“ / Феникс,1993
Уметници кои придонеле со почетни цртежи во изданието:

• Вангел Наумовски
• Васко Ташковски
• Димитар Перчинков
• Владо Георгиевски
• Илија Кочовски
• Димитар Малиданов
• Коџо Фидановски
• Божидар Дамјановски
• Мирко Вујисиќ
• Мустафа Асим

Е-издание достапно за симнување

Categories
број 5 Времеплов Дизајн

Звукот на Iskra ETA 80

Categories
број 5 Музика

Рахилка Бурзевска

Рахилка Бурзевска
Најубави македонски песни
ЈУГОТОН, 1983.

Categories
број 5 Времеплов Литература Поезија

Сињо

КРИЛЈА

Совсечи небо со ден нагрлено…
Ископано сињо жили испушта –
крилја ли созива?

Птица –
вртимушка во воздух завртена…
Се шират сини кругови.

Поджегнати од летови
развекани крилја
се наджнивуваат со височина.

Зависти небо нагревано…
Отопено сињо пламен истура –
лет ли усилува?

Одглавени крилја
од наострени простори
павкаат над стрношина.

Птица –
вртимушка в прав одвртена
со распретани крилја пат ми темносува…

Сињо / Светлана Христова-Јоциќ
[нацрт на корицата и графички прилози Владо Јоциќ]
Македонска книга, 1980

Categories
број 5 Времеплов Поезија

Разговори со Бога

Разговори со Бога
Душко Наневски
[ликовно обликување Рубенс Корубин]
Феникс, 1993

Categories
број 5 Времеплов Музика Поезија

Патриотски созвучја

Categories
број 5 Времеплов Литература Поезија

Алдебаран

ЈУЖНА ЅВЕЗДА
Влада Урошевиќ

Каде е тој крај тоа име што го барам
таа слика од детството тој ѕид сиот изнашаран
таа следа таа сенка таа ѕвезда
тој град што никаде го нема
таа земја Алдебаран

Каде е тој сон пред сонување баран
тој пат тој знак со својата смисла скаран
тоа море тоа лето тоа небо
таа билка што се крие среде пепел
таа песна Алдебаран

Каде е тој глас многу доцна што е разбран
тој оган тој старец ни до крајот разочаран
таа лузна од раѓање што е на нас
таа боја таа љубов таа слика
таа жена Алдебаран

Каде е тој патник што насекаде е стран
тој корен тој бран што почнува пак од бран
таа река тој патоказ таа шума
таа птица таа стара
триж вистина триж измамна Алдебаран
(1960)

Алдебаран / Влада Урошевиќ
Култура, 1991

Categories
број 5 Литература Поезија

Зборот

Categories
број 5 Литература Проза

Мостот со очи

На другата страна од мостот живееше еден славен Евреин по име Шимон. Мостот беше мал, понеубав од многу други мостови што го красеа главниот град. Висеше над реката како облак, правејќи игрива рефлексија во водата. Секоја седмица два пати преку него минуваше и се враќаше старецот Шимон. Тој изработуваше ковчези. Дрвени, цврсти, со прекрасни резби. Живееше во мала трошна куќичка во еврејското маало во една тркалезна соба што собира кревет, маса, стол, дрвена витрина со стакло, шпорет на дрва и мачорот Ариел. Пред години Шимон свиреше во еврејскиот оркестар и заработуваше многу пари. Имаше жена и три деца и многу пријатели. Беше крупен и убав маж со сини продорни очи што беа спасителен билет за останување во домот кога другите Евреи заминаа во еден правец, патувајќи кон крајот на прекинатото постоење.
Остана сам со небесниот тажен поглед вперен кон небото, слушајќи звуци што не постоеја, барајќи луѓе што умреа, чекајќи нешта што не доаѓаа. Престана да свири. Долго време ловеше риба од реката и успеваше да преживее. Навечер палеше свеќа и седнуваше до прозорецот направен од дебел најлон и матно го набљудуваше надворешниот свет што се одвиваше независно од него. Тој беше на едната страна, а светот на другата. Гладот, студот и животниот страв не му дозволуваа да си ја погледне положбата на својата душа, а не па да го смени идентитетот. Шимон живееше од ден за ден. Длабеше уникатни резбарски фигури , а неговите ковчези беа лесно продавани на луѓето што се сретнуваа со смртта и учеа да го прифатат нејзиното постоење што се чинеше дека е еднакво со животот.
Еден ден, уште на изгрејсонце кога небото уште не беше расонето, на дрвената врата од куќата на Шимон се слушна тропање. Овој звук последен пат старецот го слушна кога ги депортираа неговите блиски, како попарен скокна, а кога се обиде да ја отвори вратата, таа му остана в раце. Пред него стоеше една испрчена старица со испакнати сини очи што светкаа заглавени во релјефот на збрчканото лице, држејќи огромен куфер зад себе.
– Јас сум Езра, пензионирана учителка по музичко. Слушнав за Вас и дојдов да побарам помош – рече, раскошно насмевнувајќи се со белата вилица така што свечено го осветли пропаднатиот праг.
Шимон беше опериран од чувства и беше со одземен осет за социјализираност па посака да ја затвори вратата, но бидејќи беше скршена, остана немо да ја зјапа во старицата. Езра го поттурна за да влезе внатре. На масата постави една мушама со шарени пеперутки, а од неа излегоа: блини со сирење, јаболка, мед, кидушко вино.
– Да седнеме – го покани таа како тој да беше дојден на гости кај неа. Шимон како маѓепсан седна на креветот, а на Езра ѝ го покажа столот. Сончевите зраци влегуваа во чиниите што ги постави Езра и креираа одблесок во собата, правејќи да наликува на празнична кралска сала во која што ручаат само одбрани луѓе со висока општествена титула. Кога Шимон помисли да каже нешто, Езра од куферот извади ханукија и ја постави на средината од масата. Ги запали свеќите, го извади шеширот, кажа гласна молитва и седна.
– Да јадеме – го повика Шимон, а тој како зарѓана марионета се поднаведна и почна внимателно да ја истражува храната и да пробува од сè по малку. Вака немаше јадено цели четириесет и две години.
– Дојдов да ми изработиш ковчег за мене – рече Езра додека ги полнеше кристалните чаши што ги извади од куферот и гледаше братски да го подели виното. Потоа ја крена чашата и Шимон механички наздрави со неа, гледајќи збунето, восхитен од нејзината отвореност и чудна игрива позитивност.
– Набрзо ќе умрам. На овој свет немам веќе никој. Сите ми ги одзедоа во еден ден поради моите сини очи. Дознав за тебе и дојдов да ти го оставам тоа што ми остана, а ти за возврат ќе ме испратиш на другиот свет со сите почести, со музика, со песна.
Шимон како да се разбуди од длабок и долг сон, одеднаш како да реши тешка загатка, стана и од под креветот ја извади виолината. Засвири. Тивко и трепетливо. Езра запеа. Гласно и весело. Долго во ноќта ѕвездите играа над куќата од Шимон, а месечината упорно сакаше да влезе низ искинатиот прозорец и да присуствува на веселата забава.
Помина еден месец. Старите Евреи Шимон и Езра се навикнаа секоја вечер да се хранат со вкусно јадење, а тагата да ја подмачкуваат со вино, музика и песна до доцна во ноќта. Денски додека Езра одеше на пазар, ја уредуваше куќата и садеше цвеќе во дворот, Шимон ловеше риба, резбаше очи на стариот мост и изработуваше ковчези. Наликуваа на хармоничен брачен пар што ги имаше поминато сите тестови за среќен живот.
Едно утро Езра не се разбуди. Шимон ги врати уловените риби в река и до вечерта го изработи најубавиот ковчег дотогаш. Облече кошула со везови и ја зеде виолината. Помина преку мостот со изрезбани очи и сигурен беше дека не му се причинува дека тие очи плачат. Илјадници очи плачеа од мостот така што нивото на водата во реката се зголеми и го потопи мостот. Старецот гледаше како мостот се слеа со реката. Исчезна како и да не постоел никогаш, но Шимон сè уште стоеше над водата и не тонеше. Почна да свири. Тивко и трепетливо. Свиреше за да можат да го слушнат сите очи што не беа веќе со него.

АВТОР: Анета Велковска

Прва награда на конкурсот за краток расказ „Раскажувам фотографија 2024“

Извор: Фонд на холокаустот