Categories
број 5 Времеплов Литература Поезија

Сињо

КРИЛЈА

Совсечи небо со ден нагрлено…
Ископано сињо жили испушта –
крилја ли созива?

Птица –
вртимушка во воздух завртена…
Се шират сини кругови.

Поджегнати од летови
развекани крилја
се наджнивуваат со височина.

Зависти небо нагревано…
Отопено сињо пламен истура –
лет ли усилува?

Одглавени крилја
од наострени простори
павкаат над стрношина.

Птица –
вртимушка в прав одвртена
со распретани крилја пат ми темносува…

Сињо / Светлана Христова-Јоциќ
[нацрт на корицата и графички прилози Владо Јоциќ]
Македонска книга, 1980

Categories
број 5 Времеплов Поезија

Разговори со Бога

Разговори со Бога
Душко Наневски
[ликовно обликување Рубенс Корубин]
Феникс, 1993

Categories
број 5 Времеплов Музика Поезија

Патриотски созвучја

Categories
број 5 Времеплов Литература Поезија

Алдебаран

ЈУЖНА ЅВЕЗДА
Влада Урошевиќ

Каде е тој крај тоа име што го барам
таа слика од детството тој ѕид сиот изнашаран
таа следа таа сенка таа ѕвезда
тој град што никаде го нема
таа земја Алдебаран

Каде е тој сон пред сонување баран
тој пат тој знак со својата смисла скаран
тоа море тоа лето тоа небо
таа билка што се крие среде пепел
таа песна Алдебаран

Каде е тој глас многу доцна што е разбран
тој оган тој старец ни до крајот разочаран
таа лузна од раѓање што е на нас
таа боја таа љубов таа слика
таа жена Алдебаран

Каде е тој патник што насекаде е стран
тој корен тој бран што почнува пак од бран
таа река тој патоказ таа шума
таа птица таа стара
триж вистина триж измамна Алдебаран
(1960)

Алдебаран / Влада Урошевиќ
Култура, 1991

Categories
број 5 Литература Поезија

Зборот

Categories
број 5 Литература Поезија

ГЛАД

Песната е објавена во книгата
БОГОВИ НА КЛАДА
PE MULIKANI JAG E DEVELA PHABON
Македонија Презент, 2021 г.


Ибраим Џемаил е еден од основоположниците на современата ромска книжевност. Роден е 1954 година во Скопје каде се школувал, а потоа животниот пат го однесе во Германија каде живее и твори. Во 1980 година во Скопје ја издава својата прва книга поезија насловена „Ноќен Скарабеј“. Има учествувано на голем број книжевни манифестации како во земјава така и надвор од неа. Член е на друштвото на писатели на Северна Рајна Вестфалија.

Categories
број 5 Литература Поезија

ТАТКОВИНА

Categories
број 5 Литература Поезија

КАДЕ БИ СЕ УМИРАЛО

Categories
број 5 Литература Поезија

Младичот што спие на пладне

https://radovanpavlovski.wordpress.com

Categories
број 5 Литература Поезија

СКОПЈЕ


Ти што ќе стоиш на Газибаба,
потомче – чуј:
одовде и јас Скопје сум го гледал,
а денот беше пролетен, од тие
кога во меко единство се плетат
свежите линии на крововите
и сека топола е – зелен водоскок.
Со поглед малце премрежен сум бил
(одошто – молчам)
но видовит и јасен.
И знај:
јас сетив дека овој повик мој
е најсмел заграб во иднината,
со твојот дух е преграб, јас би рекол,
и како остра секавица сече
век по век тој,
и вика, клика, рика:
Мисли на мене!

Блаже Конески
Од збирката Лирски записи