Идеја и иницијатор: Мирко Попов – визионер, музичар, продуцент и издавач, кој ја препозна исклучителната вредност на „Распеани Валандовчани“. Со својата страст и љубов кон македонската традиција, ја покрена иницијативата за ова винил издание, верувајќи дека народната песна мора да живее и во сегашноста, во современ формат што ќе допре до нови генерации.
Ансамбл: „Распеани Валандовчани“ – хор и инструменталисти, околу 40 ентузијасти кои со љубов ја пеат изворната македонска музика.
Содржина: 8 композиции – 7 традиционални песни од различни краишта (меѓу нив „Мори чупи костурчанки“) + 1 оригинална („Химна на Валандово“).
Второ винил издание на ансамблот, по цели 50 години од првото (1974, со ПГП РТБ).
Учесници во проектот
Владан Дробицки – снимање, микс, мастеринг
Павел Дробицки – снимање
Петар Ризов – музички раководител
Зоран Стојчев – претседател на ансамблот
Костадин Танчев-Динка – дизајн на омот
Хари Дудевски – графички дизајн
Виолета Качакова – проектен менаџер
Издавач: Здружение за развој на музика и култура „Крај Вардарот“ / PMGJazz
Загрепскиот квартет „Чуи“ (Chui), има сосема поинаков пристап кон џез музиката и често експериментира фузирајќи џез со електронска музика, даб, рок, фанк, па дури и пост-рок и амбиентална музика. Во 2012 година, преку дискографската куќа Dancing Bear го објавуваат својот прв албум насловен „Chui“. Досега имаат идадено 6 студиски албуми, последниот насловен „Zagreb-Berlin“ објавен во 2022 година. Седум пати ја добиваат најпрестижната хрватска награда „Порин“ во различни категории и четири пати ја добиваат наградата „Rock&OFF“ на независните музички новинари. Од соработката со џез оркестарот на Хрватската Радио Телевизија и со легендарната Јосипа Лисац произлезе прекрасната композиција „Tebi putujem“.
„Чуи“ настапија на последната вечер од тридневниот фестивал „Крај Вардарот џез“, организиран од дискографската куќа „ПМГ Џез“.
„Чуи“ го нарекуваат и бенд за „не-џезери“, што во никој случај не би требало да се протолкува погрешно. Џезот не треба да биде музика за елитите. Џезот се менува, како што се менуваме и ние. Џезот е за сите. Затоа „Чуи“ се посебно доживување.
Во март 2020 година, во CD формат и издание на „Југотон – Кроација Рекордс“ беше реиздаден култниот албум „Македонија пее“ на големиот уметник Зафир Хаџиманов. Оригиналното издание е објавено на винил, далечната 1986 година.
„Зафир пее – Македонија пее“ е нешто највредно што го создадов. Секој стих од првата до последната шансона на ова CD е вистински бисер, а мојата музика и пеење само ја оплеменуваат и ја галат. Мојот побратим Славе Димитров, со своите аранжмани, ги прелеа со злато овие драги камења од песни. Благодарам од срце. Секако, голема благодарност до издавачот за нивната повторна верба во мојот сон. Слушање на ова мало музичко – поетско чудо е чист љубовен чин, со слатки последици!
Зафир Хаџиманов
Доколку не сте во можност да го преслушате овој редок албум на компакт-диск, ви препорачуваме да го пребарате оригиналното издание Makedonija Pjeva на некоја од музичките стриминг платформи (Apple Music, Spotify, Deezer) и да уживате во ова мало музичко – поетско чудо…
Силјан, Феникс 2020
Зафир Хаџиманов е автор на издавачка куќа „Феникс“ и актуелен добитник на наградата „Гоцева мисла“. Наградата се доделува за целосен ангажман и придонес во афирмирањето на македонската култура и литература во светот.