Categories
број 5 Времеплов Уметност

Наградна (до) цртанка

Наградна (до) цртанка

„Наградна (до) цртанка“ / Феникс,1993
Уметници кои придонеле со почетни цртежи во изданието:

• Вангел Наумовски
• Васко Ташковски
• Димитар Перчинков
• Владо Георгиевски
• Илија Кочовски
• Димитар Малиданов
• Коџо Фидановски
• Божидар Дамјановски
• Мирко Вујисиќ
• Мустафа Асим

Е-издание достапно за симнување

Categories
број 5 Времеплов Дизајн

Звукот на Iskra ETA 80

Categories
број 5 Времеплов Литература Поезија

Сињо

КРИЛЈА

Совсечи небо со ден нагрлено…
Ископано сињо жили испушта –
крилја ли созива?

Птица –
вртимушка во воздух завртена…
Се шират сини кругови.

Поджегнати од летови
развекани крилја
се наджнивуваат со височина.

Зависти небо нагревано…
Отопено сињо пламен истура –
лет ли усилува?

Одглавени крилја
од наострени простори
павкаат над стрношина.

Птица –
вртимушка в прав одвртена
со распретани крилја пат ми темносува…

Сињо / Светлана Христова-Јоциќ
[нацрт на корицата и графички прилози Владо Јоциќ]
Македонска книга, 1980

Categories
број 5 Времеплов Поезија

Разговори со Бога

Разговори со Бога
Душко Наневски
[ликовно обликување Рубенс Корубин]
Феникс, 1993

Categories
број 5 Времеплов Музика Поезија

Патриотски созвучја

Categories
број 5 Времеплов Литература Поезија

Алдебаран

ЈУЖНА ЅВЕЗДА
Влада Урошевиќ

Каде е тој крај тоа име што го барам
таа слика од детството тој ѕид сиот изнашаран
таа следа таа сенка таа ѕвезда
тој град што никаде го нема
таа земја Алдебаран

Каде е тој сон пред сонување баран
тој пат тој знак со својата смисла скаран
тоа море тоа лето тоа небо
таа билка што се крие среде пепел
таа песна Алдебаран

Каде е тој глас многу доцна што е разбран
тој оган тој старец ни до крајот разочаран
таа лузна од раѓање што е на нас
таа боја таа љубов таа слика
таа жена Алдебаран

Каде е тој патник што насекаде е стран
тој корен тој бран што почнува пак од бран
таа река тој патоказ таа шума
таа птица таа стара
триж вистина триж измамна Алдебаран
(1960)

Алдебаран / Влада Урошевиќ
Култура, 1991

Categories
број 3 Времеплов Поезија

Ц В Е Т О В И

Categories
број 3 Времеплов Поезија

T A T K O В И Н А

АНТЕ ПОПОВСКИ

Categories
број 3 Времеплов

П А Т

Categories
број 2 Времеплов Литература Проза

Автобус