Categories
број 5 ин мемориам Музика

Распеани Валандовчани

  • Идеја и иницијатор: Мирко Попов – визионер, музичар, продуцент и издавач, кој ја препозна исклучителната вредност на „Распеани Валандовчани“. Со својата страст и љубов кон македонската традиција, ја покрена иницијативата за ова винил издание, верувајќи дека народната песна мора да живее и во сегашноста, во современ формат што ќе допре до нови генерации.
  • Ансамбл: „Распеани Валандовчани“ – хор и инструменталисти, околу 40 ентузијасти кои со љубов ја пеат изворната македонска музика.
  • Содржина: 8 композиции – 7 традиционални песни од различни краишта (меѓу нив „Мори чупи костурчанки“) + 1 оригинална („Химна на Валандово“).
  • Второ винил издание на ансамблот, по цели 50 години од првото (1974, со ПГП РТБ).

Учесници во проектот

  • Владан Дробицки – снимање, микс, мастеринг
  • Павел Дробицки – снимање
  • Петар Ризов – музички раководител
  • Зоран Стојчев – претседател на ансамблот
  • Костадин Танчев-Динка – дизајн на омот
  • Хари Дудевски – графички дизајн
  • Виолета Качакова – проектен менаџер
  • Издавач: Здружение за развој на музика и култура „Крај Вардарот“ / PMGJazz
  • Поддршка: Општина Валандово
Categories
број 1 ин мемориам

Спокоен сум ко врвот… Не прашувам зошто сум се извишил

Во спомен на починатиот охридски доктор, хуманист, уметник и поет Драган Спасески Охридски, споделуваме дел од неговата хаику поезијa:

ах ... кога творам
меѓу сништа и ѕвезди
во тебе Боже

во тебе... Боже
мислам значи треперам
значи постојам

Релативно е
се ... апсолутна ли е
релативноста

прости ми Боже
припитомен ли си ... во
дивиот човек

штом веќе леташ....
Гледај каде што најбрзо
можеш да слеташ.

ни темнина ни
тежина а течнина
ем вечнина...Ти

ако не знаеш
проблемот да го решиш
Не создавај го ...

за невдомени
зборови ... Песните се
прифатни центри

и најдоброто
не секогаш подобро
е ... Од доброто

ќе бидам што сум ...
Ако бев што не сум бил
не ќе бев што сум

Почивајте во мир…