
- Идеја и иницијатор: Мирко Попов – визионер, музичар, продуцент и издавач, кој ја препозна исклучителната вредност на „Распеани Валандовчани“. Со својата страст и љубов кон македонската традиција, ја покрена иницијативата за ова винил издание, верувајќи дека народната песна мора да живее и во сегашноста, во современ формат што ќе допре до нови генерации.
- Ансамбл: „Распеани Валандовчани“ – хор и инструменталисти, околу 40 ентузијасти кои со љубов ја пеат изворната македонска музика.
- Содржина: 8 композиции – 7 традиционални песни од различни краишта (меѓу нив „Мори чупи костурчанки“) + 1 оригинална („Химна на Валандово“).
- Второ винил издание на ансамблот, по цели 50 години од првото (1974, со ПГП РТБ).
Учесници во проектот
- Владан Дробицки – снимање, микс, мастеринг
- Павел Дробицки – снимање
- Петар Ризов – музички раководител
- Зоран Стојчев – претседател на ансамблот
- Костадин Танчев-Динка – дизајн на омот
- Хари Дудевски – графички дизајн
- Виолета Качакова – проектен менаџер
- Издавач: Здружение за развој на музика и култура „Крај Вардарот“ / PMGJazz
- Поддршка: Општина Валандово
