Categories
број 5 Литература Проза

Соочување

Кога бев средношколка, си мислев, сите сме ние парче љубов во вселената. Само треба да се споиме.
Какво е моето согледување за Рајот и за Пеколот? Првин за страшниот Суд. Страшниот Суд си замислувам дека ќе биде едно Соочување. Големо Соочување. Со Бога. Со Вистината. Со себе. И со сите останати. Тогаш, нема да бидеме во можност да лажеме. Ниту да го лажеме Бога (него и онака никогаш не можеме да го излажеме), ниту себеси (тука многу се лажеме), ниту другите.
Ќе се соочиме со она што го имаме во срцето и тоа или ќе нѐ оправда пред Бога (кој е Вистина и Љубов), или ќе нѐ осуди. Или ќе влеземе во Љубовта или ќе останеме надвор од Неа. А останувањето надвор од Неа е смрт.

Виолета Николовска
СТОРИИ
Феникс, 2023