Categories
број 1 Литература Поезија

Само ѕвезди сме меѓу ѕвездите, еден ден што ќе згаснат…

Бисер е мигот
Панде Манојлов

Да останеме
во времето,
мила моја,
во спомените
на овој град,
да пешачиме
среќни
со своите мили,
со пријателите,
со добра мисла
да се љуби
ближниот свој
и да го благословиме
изобилието
на животот
подарен од Бога!
Секој миг е бисер,
секој ден –
вечност,
секоја година –
светлина,
а ние,
мила моја,
запомни:
само ѕвезди сме
меѓу ѕвездите,
еден ден
што ќе згаснат!

02.09.2019