Categories
број 2 Литература

Влегувам во една замрзната земја…

„Влегувам во една замрзната земја, иако не можам да кажам на која држава ѝ припаѓа…“
Вака започнува романот „Патување во чудна земја“, неверојатно возбудлива приказна која трогнува и допира до срцето, книга која ќе ве остави без здив…

„Патување во чудна земја“ е роман за татковците и синовите, тагата, сеќавањето, семејството и љубовта; за јазовите меѓу нас и оние што ги сакаме, и погрешните скршнувања од патот за да ги најдеме. Воспитувањето на децата не е воопшто лесна задача. Правите грешки дури и без да знаете, а кога ќе ги направите – често е премногу доцна за да ги поправите. Не постои навигација за родителство.

Светот е обвиен во снег. Сите летови се откажани и возењето е опасно, но Том тргнува од Белфаст со автомобил низ опасен и подмолен пејзаж за да го врати дома за празниците својот син. Во домот на Том останува сопругата Лорна, ќерката Лили и празнината што останала поради отсуството на другиот син Даниел. Непромисленоста и потрагата по возбуда на Даниел го разнишаа нивниот семеен живот и го втурнаа Том во депресија. Сомнежите демнат во задниот дел од неговиот ум. Дали Даниел навистина е негов син? Дали тој потсвесно се однесувал кон него поинаку? Каде сето тоа тргна наопаку? Што можеа да направат поинаку како родители? Но, на ова осамено возење од Белфаст до Сандерленд, Том ќе биде вовлечен во едно друго патување, без мапа или водич и е принуден да нацрта патеки од семејната историја, прогонуван од сеќавањата, обвиени со тага.

Преслушајте ја плејлистата со сите песни кои се споменуваат во книгата, составена од издавачот Bloomsbury како придружник на ова ремек дело на Дејвид Парк.

https://open.spotify.com/playlist/4ong8hyY4tMnZMVZxOsn7X

Фотографии од Sonya Whitefield инспирарани од книгата

https://www.sonyawhitefield.com