Categories
Музика

Чујте ги ЧУИ!

Загрепскиот квартет „Чуи“ (Chui), има сосема поинаков пристап кон џез музиката и често експериментира фузирајќи џез со електронска музика, даб, рок, фанк, па дури и пост-рок и амбиентална музика. Во 2012 година, преку дискографската куќа Dancing Bear го објавуваат својот прв албум насловен „Chui“. Досега имаат идадено 6 студиски албуми, последниот насловен „Zagreb-Berlin“ објавен во 2022 година. Седум пати ја добиваат најпрестижната хрватска награда „Порин“ во различни категории и четири пати ја добиваат наградата „Rock&OFF“ на независните музички новинари. Од соработката со џез оркестарот на Хрватската Радио Телевизија и со легендарната Јосипа Лисац произлезе прекрасната композиција „Tebi putujem“.

„Чуи“ настапија на последната вечер од тридневниот фестивал „Крај Вардарот џез“, организиран од дискографската куќа „ПМГ Џез“.

„Чуи“ го нарекуваат и бенд за „не-џезери“, што во никој случај не би требало да се протолкува погрешно. Џезот не треба да биде музика за елитите. Џезот се менува, како што се менуваме и ние. Џезот е за сите. Затоа „Чуи“ се посебно доживување.

Чујте ги „Чуи“ и самите проценете!