Categories
број 3 Стрип Уметност

Со Купенкова за СТРИПОТ

Дигиталниот начин на цртање, воведе дебата за етиката на уметноста. Многумина сметаат дека технологијата ги плени уметниците и креативците.
Но за децата цртежот е природен процес. Од детството, децата започнуваат со експериментирање со цртање и цртежот е начин на детето да го изрази своето разбирање за светот и работите што му се важни.
По тој повод беше објавен конкурс за стрип за деца и млади од основните и средни училишта, објавен од страна на Стрип центарот на Македонија – Велес, а потоа и завршна изложба од грантот „За нашите соседи и пријатели“.

Како дел од проектот со наменски стрип и како член на жири комисијата, разговаравме со стрип авторката и илустраторка Славица Купенкова.

За каков конкурс станува збор?

Се работи за стрип конкурс за деца од основни и средни училишта, каде малите уметници беа оставени слободно да се изразуваат преку нивните цртежи во табли. Добивме одлични и уникатни стрипови од деца и тинејџери кои ја изразија својата креативност и емпатија.

Зошто стрипот е популарен?

Сите ги знаеме придобивките од цртање како што се развивање на фини моторни вештини, подобрување на координација рака-око, визуелна анализа и концентрација итн. Воопшто стрипот е многу е популарен, но и корисен бидејќи преку значењето на сликите, децата се охрабруваат да „читаат меѓу редови“. Со говорниот балон, стриповите го поттикнуваат читањето на визуелен начин и преку цртежи и слики помагаат да разберат некои посложени човечки емоции, а предизвикувајќи желба за читање секако дека ја подобруваат и вербалната интелигенција.

Како сте вие, како стрип авторка, задоволна од квалитетот на испратените стрипови?

Нашите учесници имаат огромна почит кон цртањето и сум воодушевена од нивната работа. Воедно преку тематскиот стрип, забележав дека децата и младите се воини за социјална правда со силна толеранција и емпатија. Преку цртежот многу често изразуваат важен настан што се случува во нивниот ум – реален или замислен. Можат да нè научат многу и бесценето е времето поминато со децата за да се потсетиме и ние возрасните на некои едноставни животни лекции.

Дали беше организирана завршна изложба за наградените учесниците?

Секако следеше и завршна изложба во локалната библиотека „Гоце Делчев“ во Велес. Во категорија на ученици од средни училишта и во категорија на ученици од основни училишта беа наградени со прво, второ и трето место, а беа доделени и награди за најдобар цртеж, најдобро сценарио и една специјална награда. Среќна сум што нашите млади уметници ни укажаа доверба со своите уметнички дела.