Во спомен на починатиот охридски доктор, хуманист, уметник и поет Драган Спасески Охридски, споделуваме дел од неговата хаику поезијa:
ах ... кога творам меѓу сништа и ѕвезди во тебе Боже во тебе... Боже мислам значи треперам значи постојам Релативно е се ... апсолутна ли е релативноста прости ми Боже припитомен ли си ... во дивиот човек штом веќе леташ.... Гледај каде што најбрзо можеш да слеташ. ни темнина ни тежина а течнина ем вечнина...Ти ако не знаеш проблемот да го решиш Не создавај го ... за невдомени зборови ... Песните се прифатни центри и најдоброто не секогаш подобро е ... Од доброто ќе бидам што сум ... Ако бев што не сум бил не ќе бев што сум
Почивајте во мир…